Дечињата од велешката градинка го одбележаа почетокот на Европската недела на мобилност (фото)
Објавено на 16 септември, 2022 во 13:22
Дeчињата од детската градинка „Димче Мирчев“ преку игра, дружба и забава го одбележаа почетокот на Европската недела на мобилност којашто ќе трае до 22 септември.
-Дечињата преку креативно – едукативна работилница земаа учество во одбележувањето на оваа недела, соопштија од Општина Велес.
-Од најмали се учиме, преземаме чекори и мерки и се стремиме кон јаглеродно-неутрална животна средина, велат од ОЈУДГ „Димче Мирчев“.
Во соработка со спортската академија „Јуниор“ од Велес, дечињата од градинката на новата pump или скокачка патека како и на игралиштето во Градскиот парк спортуваа, возеа велосипеди, тротинети, се дружеа, забавуваа и најбитно уживаа.
Стефани Манева
фото: