Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај до 3 февруари
Објавено на 31 јануари, 2024 во 09:22
Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, од денеска до 3 февруари, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8:00 до 16:30 часот, соопшти Авто Мото Сојуз на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк