Хидроцентралата Дошница работи со една турбина!

Објавено на 5 декември, 2012 во 20:52

За единаесет месеци, хидроцентралата Дошница кај Демир Капија, произвела 18 милиони киловат часови електрична енергија.

Од таму рекоа дека доколку продолжат врнежите од дожд ќе придонесат за зголемување на водостојот на реката Дошница а со тоа ќе се создадат и услови за работа на трите турбини на хидроцентралата.

 

Инаку во временски услови со чести врнежи од дожд и снег хидроцентралата може да произведе и до 23 милиони киловат часови струја. Во првото шестмесечје од годинава биле произведени 10 милиони киловат часови а до крајот на годината се очекува производство на уште 2 милиони киловат часови струја.

Во Дошница во моментов во погон е само една турбина поради намалениот водостој на реката. Таа  работи со околу илјада литри вода во секунда при што за едно деноноќие хидроцентралата произведува по 50 илјади киловат часови електрична енергија. Хидроцентралата пред две години беше целосно реконструирана се со цел да се зголеми производството на електрична енергија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.