Демиркапијци ги легализираат дивоградбите !
Инаку, до 3 септември лани, сопствениците на диво изградени објекти имаа можност да ги легализираат дивоградбите.
Од општина Демир Капија рекоа дека иако интересот кај граѓаните бил голем сепак на поголемиот број од нив заради некомплетна документација барањата им биле невалидни. Тие во најкраток можен рок треба да ја докомплетираат документацијата и да ја достават на увид.Во Демир Капија вкупно 940 граѓани побарале да ги легализираат дивоизградени објекти.
Во општината рекоа дека проблемот со дивоградбите е доста изразен затоа што граѓаните со намера да ги избегнат давачките во изминатиот период граделе бесправно. Од одделението за урбанизам и комунални дејности информираа дека бројот на диви објекти бил голем па затоа и градежната инспекција не можела навреме да реагира. Тие издале голем број решенија за уривање со што и граѓаните сопственици на дивоградви се изложувале на дополнителни давачки.
Сепак почитувајќи го законот за легализација засега 110 сопственици го искористиле правото и ги легализирале куќите. Сто и десет граѓани добиле решенија за легализација на дивоградбите.
