Изграден е тренинг центарот за туризам во Демир Капија
Завршена е изградбата на едукативниот тренинг-центар за туризам во Демир Капија, соопшти денеска Виолета Јанкова, советник за туризам во општината.
– Тренинг центарот за туризам е плод на прекугранична соработка помеѓу општините Демир Капија и Лерин од Грција. Веќе е формирана фондација која ќе раководи со центарот, а во чие раководство влегуваат по едно лице од двата партнера – учесници во проектот. Целта е обука на кадри потребни во туризмот и вмрежување на туризмот со крајна цел туристички пакети кои ќе ги нудат во заеднички аранжмани туристичките потенцијали на двете општини – изјави Јанкова.
Целокупниот проект е финансиран од Европската Унија со над 300 илјади евра. Се очекува центарот свечено да биде пуштен во употреба на 7 ноемеври, денот на ослободувањето на Демир Капија.