Формирано Здружение на винари

Објавено на 12 април, 2014 во 10:54

Пред повеќе винари, експерти за производство и лозари, синоќа, во Демир Капија беше промовирано Здружението на винари на Република  Македонија. Претседателот на здружението Игно Тасев информираше за целите на штотуку формираното здужение.

-Приоритет ни е унапредување на винарството во однос на проширување на знаењата од технолошката пракса и теорија а исто така и следење на трендовите надвор од границите на нашата земја. Работејќи со другите институции во државата кои сакаат да го афирмираат македонското вино, би сакале да ги подобриме состојбите во македонското винарство, рече Тасев.

Членовите на здружението ќе добиваат информации поврзани со најновите технолошки усовршувања при производството како и друга помош неопходна за создавање на брендирани македонски вина. Исто така ќе бидат превземени и активности за усовршување на знаењето на производителите во Македонија.

-Најголемата надградба во оваа професија, освен сопственото теоретско и практично усовршување, е можноста за патување и анализирање на технолошките достигнувања на светските лидери во винарството како Франција, Германија, Јужна Африка, Австралија, САД, Чиле, Нов Зеланд. Многу од нас најголемото професионално искуство   го имаат збогатено  токму на овој начин. А самото велгување во друга понапредна технолошка средина доведува до експанзија на знењата во однос на технологијата. Исто така се добива вистинска претстава за движењето на винарството во однос на вкусови и технологии, рече  Лазе Плетварски.

Здружението ќе ја унапредува и соработката помеѓу производителите./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.