Железничкиот сообраќај Демир Капија-Гевгелија нормализиран
Железничкиот сообраќај на релација Демир Капија-Гевгелија денеска е нормализиран по вчерашниот прекин пооради проблемите кои ги предизвика невремето со пороен дожд и излевањето на реката Бошавица.
Портпаролот на Центарот за управување со кризи, Надица В`чкова информираше дека сотојбата се нормализира и се работи на расчистување на местата каде излевањето на реката направи проблеми. Возовите сообраќаат со ограничување на брзината од 30 км/ч на релација Демир Капија-Гевгелија.
Завчера вечер и општи Демир Капија беше зафатено од силно невреме кое направи натеријални штети. Според податоците од Метереолошката станица во Демир Капија, наврнале над 50 литри на квадратен метар. Од обилните врнежи од дожд беа поплавени голем број подрумски простории. Најмногу се оштетени жителите од селото Корешница и жителите од населбата во Демир Капија што се наоѓа од десниот брег од реката Бошавица.
Заради оштетување на железничката пруга кај Демир Капија вчера од 08:55 часот во прекин беше железничкиот сообраќај на правецот Демир Капија – Гевгелија. Огромната количиона на вода го скинала заштитен насип на река Бошавица во Демир Капија при што била поплавена ул.„Партизанска“. И денека се работеше на санирање на последиците од невремето.
Обилните дождови кои вчера го зафтија и неготинскиот регион предизвикаа излевање на реките од речните корита. Најголеми штети има во село Војшанци, каде дојде до излевање на Војшанска река од своето корито и поплави 10 куќи во селото. Поројните дождови предизвикаа штети и на инфраструктурата и на земјоделските површини, а штетите дополнително ќе се утврдуваат.
Денеска во посета на жителите на Војшанци беше повторно градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов. Тој на сопствениците на најоштетените домови им најави дека ќе добијат помош во градежни и други материјали. Во текот на денот целокупната механизација работеше на расчистување на теренот од наносите./А.Д