Загина алпинист од Чешка во демиркаписката клисура
Седумдесет и едногодишниот С.П од градот Дечин во Чешка, вчера претпладне го започнал искачувањето по карпите во демиркаписката клисура. Неколку часа подоцна било пријавено неговото паѓање во полициската станица во Неготино.
Чехот бил дел од група алпинисти. Тие веднаш побарале помош од Итната медицинска помош но лекарите не можеле да му помогнат на несреќниот маж поради сериозноста на здобиените повреди. Медицинската екипа само ја констатирала неговата смрт која настапила како последица на пад при искачување на карпата од висина од околу 20 метри. Несреќниот човек направил грешка при искачувањето по карпа.
Ос СВР Велес соопштија дека по наредба на јавниот обвинител телото е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје./У.Ј