Домашно куче собори и искаса Демиркапиец
Објавено: 7 февруари, 2018, во 18:44 часот
Четириесет и пет годишен маж од Демир Капија е повреден откако го нападнало домашно куче на улицата „Партизанска“.
Тоа се случило вчера околу 12.30 часот. Тогаш Демиркапиецот А.С. бил соборен на земја и каснат од домашин миленик, во сопственост на негов сограѓанин.
Кучето го каснало А.С. за левата нога во пределот на потколеницата.
Веднаш потоа А.С. го пријавил случајот во Полициската станица во Демир Капија.
