Грчко „БМВ“ удрило во кавадаречки камион „МАН“ на автопатот кај демиркаписките тунели
Објавено на 4 јануари, 2019 во 09:56
На автопат Миравци – Демир Капија, после тунел Т2, на место викано „Јаворица“, на 3 јануари вечерта околу 20 часот, случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „БМВ Икс 3“ со грчка национална ознака управуван од грчки државјанин С.Г.(45) од Атина удрил во заштитната еластична ограда, а потоа во товарното возило марка „МАН“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од А.Т.(39) од Демир Капија.
Во незгодата се повредени две деца на пет и тригодишна возраст, сопатници во патничкиот автомобилот. Повредените деца се пренесени во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци каде по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.
На местото на незгодата полицијата изврши увид кој треба да ги утврди причините што довеле до сообраќајката./У.Ј