Тројца нови заразени со Ковид 19 во Демир Капија

Објавено: 28 април, 2020, во 08:28 часот

Demir kapija1 finВкупниот број,  заклучно до денеска,  на заразени од Ковид 19 во Демир Капија се искачи на пет лица.

Според информациите од Центарот за јавно здравје Кавадарци, денеска се регистрирани уште тројца нови позитивни.

„Станува збор за контакти со првите заболени“ – ни потврди епидемиологот д-р Ристе Јовановски од ЦЈЗ Кавадарци.

Информациите се дека овие тројца нови позитивни се роднини на првично регистрираните сопружници од Демир Капија.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.