Демир Капија беше домаќин на Алпинистичката Балканијада 2013
Во организација на Македонската алпинистичка федереација, алпинистичкиот клуп „Плоча“ и спортскиот клуб „Клисура“ во живописната Демиркаписка клисура се одржа „Алпинистичката Балканијада 2013“.
Се натпреваруваa алпинисти од Македонија,Бугарија,Холандија,Америка и Русија. Целта на Балканијадата е зајакнување на пријателството и размена на искуства, промовирање на здрав спортски начин на живот, развој на карпестата област Демир Капија како перспективно место на Балканот за обука на алпинисти, спортски качувачи, туристи и љубители на активности во природа.
„Демиркаписката клисура,карпестите предели како природни реткости кои природата овде ги создала, се единствени на Балканот и предизвик за сите алпинисти, љубители на природата и качувачките спортови.Се трудиме да овозможиме подобри услови за развој на рекреативниот алпинистички туризам, како една од приоритетните програмски определби на општината да создадеме центар за обуки на алпинисти и спортски качувачи“ рекоа од општина Демир Капија.
Учествуваа и шест натпреварувачи од спортскиот клуб „Клисура“ од Демир Капија. Ристе Камчев и Александар Кленов го освоија третото место во качување во двојки, а клубот доби и пехар за најдобри резултати на клуб.