Хуманитарна акција во детската градинка во Демир Капија
Објавено на 28 ноември, 2013 во 15:46
Дечињата од детската градинка „Борис Трајковски“ во Демир Капија изминатиов месец беа вклучени во хуманитарна акција со донирање на стара облека како и книги, сликовници и играчки а донираните предмети ќе се достават до Центарот за социјални работи.
-Многу сум задоволна од одѕивот на дечињата и нивните родители за реализација на овој проект и се вклучија со голема хуманост. Собравме доста интересни работи за кои верувам дека ќе се најдат во вистинските раце,изјави директорката на градинката./Б.Н.Т