Дружење и музика на завршниот настан од „Добротворниот базар“ организиран од „Dobredojde Macedonia – Welcome Centre“
Лицата со попреченост денеска во Јуроп Хаус Велес, заедно со амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и со други амбасадори од земјите-членки на ЕУ се дружеа и уживаа на церемонијата на донирање којашто беше завршен настан на „Добротворниот базар“ што го организираше „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“ во декември месец, претходната година.
Амбасадорот Гир пред присутната рече дека му претставува особена среќа што духот на Божиќ продолжува и во текот на месец февруари благодарение на овој завршен настан од „Добротворниот базар“.
-Многу е прекрасно што духот на Божиќ продолжува и во текот на февруари. Премногу сум среќен што денеска сме сите заедно собрани во Јуроп Хаус Велес. Сакам да се заблагодарам на сите коишто беа дел од овој настан, посебно до г-ѓа Емилија којашто е претседателка на невладината организација „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“ но и на сите амбасадори на сите земји членки на ЕУ. Исто така и за вашата добродушност и што дадовте свој придонес оваа денешна донација да биде дадена на лицата со попреченост во Велес и Скопје, додаде амбасадорот Гер.
Претседателката на здружението „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“, Емилија Миладинова Аврамчева, пред присутните рече дека оваа имплементација на добротворната мисија и предизвикува особено чувство на среќа коешто денеска го споделува со сите пристуни.
-Работевме заедно онака како што знаеме и можеме со цел да ги подржиме ранливите и невидливите луѓе кои постојат во оваа земја и кои заслужуваат еден достоен живот. Сакам да се заблагодарам на Амбасадорот Гер за неговата хуманост и посветеност во работата. Исто така и до сите амбасади коишто земаа учество во овој базар, како и на нивните брачни партнери. Нашите партнери, здруженијата ни докажаа дека работат со љубов, посветено и овие лица кои работат за лицата со попреченост ја заслужуваат нашата целосна поддршка. Но сакам да се заблагодарам и на нашите директни корисници кои ги посетивме, не примија со големо срце, пеевме, игравме со нив и ни подарија многу насмевки, додаде Миладинова Аврамчева.
Како домаќин на настанот пред присутните свое обраќање имаше и Далиборка Златева претседателката на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.
-Пред новогодишните празници беше организиеана една донаторска акција од страна на организацијата „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“, кадешто се собраа финансиски средства коишто се искористени невладините организации односно инсититуциите коишто работиме со лица со попреченост во мали групни домови. И сум премногу благодорна на сите Вас коишто денеска сте заедно со нас, додаде Златева.
На трите организации им биле поделени вкупно 500 илјади денари од кои здружението на лица со церебрална паралица од Велес и Центарот за младински активизам „КРИК“ од Скопје добиле по 125.000 денари додека Јавната установа за рехабилитација на деца и младинци Скопје 250.000 денари. Исто така, со 30.000 денари биле купени поклони коишто денеска беа делени помеѓу присутните.
Златева напомена дека со овие средства здружението од Велес набавило две клими, столчиња, правосмукалки, електрични гезвиња, телевизори и други средства коишто биле потребни и неопходни за четирите мали групни домови.
Инаку, настанот беше збогатен со музика, игра и смеа благодарение на членовите од трите здруженија кои на присутните им приредија вистинско уживање со рецитал како и две музички песни.
Стефани Манева