Двајца малолетници тепале малолетни лица во неготинско Долни Дисан
Објавено на 22 ноември, 2024 во 13:45
Во Одделението за внатрешни работи Неготино, вчера, во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, бил извршен службен разговор со двајца малолетници од село Долни Дисан, неготинско, откако претходно била пријавена тепачка во која тие тепале други двајца малолетници.
Тепачката се случила во селото Долни Дисан.
-ОВР Неготино постапило по претходна пријава дека околу 15.30 часот во село Долни Дисан физички нападнале други двајца малолетници. По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти Билјана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк