Двајца велешани вчера агресивно се однесувале кон полициски службеници
Поради агресивно однесување на четириесет годишниот А.С од Велес кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија, бил приведен во полициска станица Велес каде бил извршен службен разговор. Велешанецот 13:25 часот бил приведен бидејќи во Одделението за управни работи, поточно објектот за вадење на лични документи, агресивно се однесувал и кон вработените.
Четири и пол часа подоцна се случило и второто агресивно однесување кон полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај кои извршувале службени дејствија на улицата „Архиепископ Михаил“ во Велес. Таму педесет и две годишниот З.Ј од Велес бил лишен од слобода и однесен во полициска станица.
Со двајцата велешани бил извршен службен разговор и по целосно документирање на настаните од СВР Велес соопштија дека ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк