Фатен велешанец, баран со централна потерница за издржување затворска казна поради силување
Објавено на 19 мај, 2023 во 10:43
Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера, полициски службеници од тим потраги од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар, на улица „Јани Лукровски“ во Скопје, го лишиле од слобода дваесет и пет годишниот велешанец Н.Д.
Оттаму додадоа дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен суд Велес за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик, поточно силување.
Велешанецот ќе биде предаден во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Дума.мк