(фото) ЦУК: Oпасност од карпа што 18 дена виси над автопатот пред Велес
Ценаторот за управување со кризи соопшти дека постои опасност по учесниците на сообраќајот од карпа којашто виси над автопатот Скопје – Велес, на делот после патарината пред градот Велес, поточно по првиот тунел. Тим на ЦУК, утрово, беше на терен и разгледа повеќе критични точки за можни одрони и нестабилни карпи на автопатот.
-Утрово од тим на ЦУК, беа поминати и разгледани повеќе критични точки за можни одрони и нестабилни карпи на автопатот Скопје – Велес, при што беа забележани на повеќе локации мали карпи и камења коишто, иако се заштитени со мрежи, е можно истите да се стркалаат на брзата сообраќајна лента. По нашето неодамнешно укажување за опасност јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита и магистрални патишта, препорачливо е да направат стручен надзор и да ја санираат и обезбедат состојбатата на критичните места за одрони, со цел да не дојде загрозување на човечки животи и на уништување на материјални добра, додаваат од ЦУК.
Исто така, вчера, од ЦУК соопштија дека повеќе од 18 дена карпата е одвоена од основниот масив високо над патот и паѓаат парчиња од неа и камења на автопатот, со што постои директна опасност по животот на луѓето и материјалните добра на учесниците во сообраќајот.
Оттаму додаваат дека за истата карпа, на бројот за итни случаи на ЦУК -112, од страна на граѓаните во изминатиот период има повеќе јавувања и пријавувања.
Стефани Манева