(фото) Во Градско спроведени бесплатни здравствени прегледи по повод Денот на старите лица
Објавено: 2 октомври, 2025, во 14:28 часот
Четириесет и двајца жители од Општина Градско имаа можност бесплатно да го проверат нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок, како и да добијат корисни совети за превенција од најчестите заболувања кај повозрасната популација. Оваа акција, денеска, ја спроведе велешкиот Црвен крст по повод меѓународниот ден на старите лица, во просториите на Здружението на пензионери од Градско.

-Прегледите беа направени од страна на лекар и тројца волонтери од Клубот на млади но во организацијата биле вклучени и Основната организација на Црвен крст од Градско која навремено ги информираше жителите и обезбеди поддршка за успешна реализација на активноста, објасни Александра Илиевска од велешкит Црвен крст.
Со оваа иницијатива, Црвениот крст уште еднаш ја потврди својата посветеност кон грижата за здравјето и благосостојбата на повозрасните лица.
Стефани Манева


