Гајдова и Шопов избрани се за судии на Апелациски суд Скопје

Објавено на 15 ноември, 2023 во 16:02

Судијката Габриела Гајдова и судијата Александар Шопов на Основен суд Велес се избрани од Судскиот совет помеѓу осумте нови судии за Апелацискиот суд Скопје. Гајдова е избрана за една од четворицата судии од кривична додека Шопов од граѓанска област.

Прва што ја добила довербата да биде унапредена во кривичната област била судијка Габриела Гајдова од Основниот суд Велес, за која членовите на Судски совет истакнаа дека е со висок интегритет, исклучително стручна, пример за судиска совесност, непристасност, одговорност и храброст. Таа добила 12 гласа „за“.

Судскиот совет, исто така, имал само пофални зборови и за интегритетот на судијата Александар Шопов.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.