Германка загина во сообраќајна несреќа на автопатот Неготино – Демир Капија

Објавено на 21 јули, 2023 во 11:17

На автопатот Неготино – Демир Капија, триесет и шест годишната М.А од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во сообраќајната несреќа починала сопатничка на 62 годишна возраст и со телесни повреди се здобиле двајца малолетници.

– Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А.(62) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци, соопштија од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.