Горат коледарските огнови во Велес, низ маалата се слуша тивка музика и песни а некаде имаше петарди и огномет
Објавено на 5 јануари, 2024 во 23:43

Велешани го слават Коледе. Голем број на запалени огнови и околу нив граѓани седат оваа ноќ низ маалата и сокаците во градот. Пред нив на трпезите мезиња од зимница а понекаде распалена и скара. Се слушаат песни што се потпевнуваат како дел од претпразничната атмосвера. „Мрсни“ поточно еротски годинава не се пејат. Дел од граѓаните испукаа по некоја петарда или приредија мали огномети.






Највесели се чини се децата. Тие се најбројни, највесели и најнасмеани околу огновите. Но и први заминаа од местата каде огновите се запалени затоашто соопштија дека утре наутро ги чека коледување по домовите на граѓаните.

Дума.мк посети неколку огнови и коледари во централното градско подрачје каде што фотографираше овие фотографии.
Убавка Јаневска
