Се спаси ЗК „Вардар“ од Градско од стечај

Објавено на 3 февруари, 2017 во 14:39

Предлагачот компанијата „Хемомак“ од Велес го извести Основниот суд Велес дека го повлекува барањето за покренување на стечај на компанијата ЗК „Вардар“ од Градско. Според судијата Ангел Трипчев, кој ја водеше предлог стечајната постапка,  земјоделскиот комбинат му го платил остатокот од долгот од 52.000.000 денари на „Хемомак“ по што Судот донесе решение за повлекување на барањето за отварање на стечај.

Компанијата „Хемомак“, поради неплатен долг од над 90 милиони денари , пред два месеци до Основниот суд во Велес поднесе барање за отварање на стечајна постапка против ЗК„Вардар“ од Градско и за „Црвени Брегови“ од Неготино. Во меѓувреме и „Црвении Брегови“ и „Вардар“, во сопственост на бизнисменот Минчо Јорданов, ги подмири долговите ./С.А

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.