Исплатената плата за декември ги врати работниците на „Колска“ во погоните, работат на минус 7 степени без доволно греење и ја чекаат јануарската плата и К-15

Објавено на 11 февруари, 2025 во 09:33

Можат да се лекуваат од вчера 50 работници Фабриката за шински возила „Велес“. Од вчера за нив се достапни здравствените услуги во јавното здравство затоашто со добивањето на платата за декември,изминатиот петок, скратена им е неможноста да одат кај матичен лекар, специјалист на преглед или за препис на месечна терапија. Тоа сепак ќе трае кратко ако ним не им биде исплатена јануарската плата.

Исто така, „Колска“, во петокот на 7 февруари, потпишала Договор за репарација на нови седум покрај трите вагони на Македонски Железници. Седумте вагони стојат на Железничка станица Велес додека во ладните погони на велешката фабрика работниците и на минус 7 степени Целзиусови вчера и денеска работеа на репарирање на три. Старите прагови и даските се употребуваат за греење додека ги има.

Репарирање на седум вагони се потребни за да се обезбеди плата за работниците за еден месец, дециден е Тони Арсовски, претседател на синдикалната организација на ССМ во „Колска“. Тој сепак потсети дека не е исполнето нивното второ барање за исплата на К-15 за 2023 и 2024 година коешто нивните колеги во Македонски железници го добиваат на крајот на секоја година.

-Плата земавме, но не и К-15.Наводно во фабриката дошла Трудова инспекција и направиле увид. Ние чекаме произнесување на инспекцијата поточно дали е законски или не да добиеме К- 15 за 2024 година. Работниците не отстапуваат од барањето за исплата на регресот за годишен одмор коешто како вработени ни е загарантирано право со закон.Затоа додека законски ни следи ние ќе бараме К-15..Имаме најава дека ќе се потпишат договори да земаме плата и во наредните два-три месеци додека фирмата не се реарганизира,рече Арсовски.

Оваа законска обврска, според Арсовски, неможе да влезе во стечајната маса и да биде обврска на сопственикот на фабриката за која е отворена стечајна постапка и Основен суд Велес го закажа првото рочиште за 19 март, годинава, кога ќе се разгледува Реорганизација што ја понуди фирмата „Трени Балцани“ од Струмица. Сопственикот на оваа фирма остварил посета на „Колска“ кога на работниците им соопштил дека соработува со италијанска фирма која е деловен партнер на „Трени Балцани“.

Сепак до евентуалното влегување на потенцијалниот инвеститор, бидејќи се државна фирма, работниците, синдикалната организација и Сојузот на синдикати на Македонија очекуваат дека Владата ќе помогне со континуирана работа којашто пак ќе овозможи редовна исплата на плата со придонеси особено за здравство и пензиско. Ако тоа не се случи, како и исплата на регресот за годишен одмор, тогаш работниците ќе бидат приморани повторно да го активираат штрајкот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.