Издумани Крлевизми: Ако имате повеќе слуги, лесно може некој да ви стане господар
Објавено: 24 јули, 2026, во 10:55 часот
Во петок, вообичаено ги објавуваме најновите афоризми на афористичарот и сатиричарот Атанас Крлевски кои се инспирирани од настани и случки во изминатите седум дена во секојдневниот живот на граѓаните. Еве што афористичкото перо напиша:
„Ако не си ги поправаш грешките, правиш уште една грешка.“
„Правдата го менува светот, а неправдата го ништи.“
„Давеникот можеби некој ќе го спаси, но најдобро е самиот да се спаси.“
„Ако имате повеќе слуги, лесно може некој да ви стане господар.“
„Пред да се појават социјалните мрежи мислев постојат малку идиоти.“
„Бистриот ум тешко се мати. Нема предиспозиции.“
„Мажи, не барајте жена – харем! И во харемите ги немало сите женски доблести.“
„Не ми се верува дека постојат толку лажни верници.“
„Постои блиска и далечна дистанца. Блиската е за пријателите.“
„Разновидноста развеселува.“ – велеле Латините. Не користеле контејнери.“
Вашиот,
Атанас Крлевски


