(видео) Јаневски: Мојата ќерка боледува од ретка болест, ги молам сите граѓани кој колку може да ни помогне
Четириесет и четири годишната велешанка Мери Јаневска којашто неколку години живее во Њу Јорк, САД, боледува од ретка прогресивна невролошка болест наречена ЦИДП. Јаневска во моментов е парализирана и единствено решение за нејзината здравствена ситуација е да замине на лекување во Москва во Русија кадешто ќе и се пресадат матични клетки. За нејзиното лекување потребни се 70.000 долари кои нејзиното семејство во моментов сами не можат да ги обезбедат.
Нејзиниот татко, Трајче Јаневски, очајно бара решение за да се соберат потребните средства за лекување. Денеска ни објасни дека изминатиот период заедно со семејството имаат пробано да отворат телефонски линии за донации во Македонија но немаат таква можност поради нејзиното живеење во САД, исто така, немаат каде да изложат и кутии за донации бидејќи од повеќе места се одбиени.
Трајче пред камера за Дума.мк ја раскажа приказната за својата ќерка и побара помош од секој граѓанин којшто може да донира.
Мери Јаневска во Велес работела како медицинска сестра во Јаболчиште,во Мелница а потоа и како дефектолог во ЈЗУ Здравствен дом Велес. Таа е мажена и е мајка на две девојчиња, Лили и Кристина кои имаат 4 и 2 години.
Се замолуваат сите граѓани како и сопственици на фирми кои имаат можност да донираат, тоа да го направат на сметката на нејзиниот татко Трајче или да го контактираат лично на неговиот телефонски број 077-762-169. Како што вели Јаневски секоја минута е значајна за нејзиното но и нивното здравје!
Сите граѓани коишто ќе одлучат да донираат средства на сметката на Трајче во цел на дознака задолжително да напишат: Донација за лекување на ќерка. Доколку префрлате пари од сметка на сметка користете образец ПП30, доколку уплаќате физички користете образец ПП10.
Бидејќи Јаневска живее во САД, во моментов отворен е само линк за онлајн донации на gofoundme.com .
Исто така, се замолуваат граѓаните во поголем број да ја споделуваат информацијата со цел да стигне до пошироката јавност и Мери Јаневска во најбрз временски период да замине на лекување.
Стефани Манева