Кај двајца кавадарчани пронајдена дрога

Триесет и пет годишниот М.М и една година повозрасниот Г.Н од Кавадарци, вчера биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци.
Околу 19:10 часот, Г.Н бил забележан со патничко возило „форд“ како влегува во дворот на М.М и како разменуваат нешто. Откако излегол од дворот на куќата на улица „7 Септември“, бил извршен преглед во возилото и бил пронајден хероин.
-Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.М., при што биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Двајцата кавадарчани биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк
