Кај двајца велешани пронајден хероин

Објавено на 5 септември, 2022 во 10:15
Фото: Преземена од официјална страна на Министерство за внатрешни работи

На наплатна станица Сопот, на автопат „Пријателство“, од страна на полициски службеници, вчера, било запрено моторно возило „рено лагуна“ со велешки регистарски ознаки управувано од триесет и седум годишниот А.М. При преглед на возилото биле пронајдени две пакувања хероин.

Полициските службеници од СВР Велес-Одделение за недозволена трговија со дрога и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишеле од слобода А.М но и неговиот сопатник, педесет и осум годишниот Д.С.

Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по дл. 215 од Кривичниот законик.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.