Кај двајца велешани пронајден хероин
Објавено: 5 септември, 2022, во 10:15 часот
На наплатна станица Сопот, на автопат „Пријателство“, од страна на полициски службеници, вчера, било запрено моторно возило „рено лагуна“ со велешки регистарски ознаки управувано од триесет и седум годишниот А.М. При преглед на возилото биле пронајдени две пакувања хероин.
Полициските службеници од СВР Велес-Одделение за недозволена трговија со дрога и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишеле од слобода А.М но и неговиот сопатник, педесет и осум годишниот Д.С.
Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по дл. 215 од Кривичниот законик.



