Како ќе започне новата учебна година во велешките училишта, кои ученици се прва а кои втора смена

Привршува летниот одмор за учениците во основните и средните училишта во Велес. Тие за пет дена се враќаат во ученичките клупи. Училиштата во градот ги имаат подготвено распоредите за првиот училишен ден поточно која паралелка или генерациска година ќе ја започне новата учебна година во прва а кои во втора смена.
Според информациите на директорите на училиштата на 1 септември, годинава, новата учебна година ќе започна по следниот распоред:
Во ООУ„Блаже Конески“, во прва смена, со почеток на наставата во 7:30 часот, се учениците од прво до четврто одделение, потоа V1 и V2 како и шесто и осмо одделение. Додека V3 и V4 со сите ученици кои ќе бидат седмо и деветто одделение се во попладневна смена која започнува во 13:00 часот.
Во ООУ„Васил Главинов“ во прва смена, со почеток во 7:00 часот, на училиште ќе одат сите првачиња од шестте одделенија заедно со учениците од сите паралелки на второ, на четврто, на шесто и на осмо одделение. Во 13 часот наставата ќе започне за сите ученици во паралелките на III, V, VII и IX одделение.
Учениците во одделенска настава на ООУ„Панко Брашнаров“ се прва смена. Во 7:30 часот на настава ќе тргнат првачињата и учениците во паралелките до V одделение додека во втора смена, во 13:30 часот, учениците од шесто до деветто одделение.
Сите првачиња во ООУ„Свети Кирил и Методиј“ на училиште ќе дојдат во 9: 00 часот. Во прва смена со почеток во 7: 30 часот , учебната година започнува за учениците во III Б и В,заедно со сите паралелки на ,II, на V, на VI, на VII, на VII и на IX одделение додека учениците во трите паралелки на IV одделение како и III А се во попладневна смена која започнува во 13 часот.
За учениците на ОСУ„Гимназија Кочо Рацин“, на 1 септември, наставата ќе започне во прва смена, во 7:15 часот, додека попладне, во 13:30 часот новата учебна година започнува за учениците на ССОУ„Димитрија Чуповски“.
Во претпладневна смена, со почеток во 7: 15 часот, се сите ученици во паралелките од прва и од трета година на ССОУ„Коле Неделковски“ додека во попладневна смена, со почеток во 13: 30 часот учениците од втора и четврта година.
Учениците на ОСУ „Јовче Тесличков“ наставата ја започнуваат во прва смена со почеток во 7:15 часот.
Убавка Јаневска
