Капете се на велешко езеро, избегнувајте го долниот тек на река Бабуна

Објавено на 25 јуни, 2021 во 15:36
Езеро Младост

Резултатите од последните анализи на квалитетот на водата во езеро Младост што ги изработи Центарот за јавно здравје Велес покажуваат дека водата е исправна за капење. Хемиските и микробиолошки анализи на мостри земени од водата на првата градска плажа на Езеро Младост, микробиолошки е исправна. Според физичко- хемиските параметри водата по матност е во петта категорија додека по однос на други параметри е во втора и во прва категорија.

Река Бабуна

Потребно е да се избегнува капење во водата во река Бабуна. Резултатите од направените анализи на Центар за јавно здравје, покажуваат дека првата плажа на Бабуна, над кланицата, бактериолошки не е исправна. Водата ја содржи бактеријата ешерихија коли. Резултатите од земените мостри коишто се однесуваат на матноста на водата во реката покажуваат дека таа е во петта категорија додека по бактериска контаминација е во трета категорија.

Освен за капење водата во реката не е препорачливо да се употребува и за наводнување на земјоделски површини.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.