Караванот „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ – 35 години независна Македонија, вечерва, е во Велес

Објавено: 12 август, 2026, во 12:15 часот

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, организиран по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, вечерва, ќе се одржи во паркот пред Општина Велес, со почеток во 20:30 часот.

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, пред велешката публика ќе биде раскажана приказната за изминатите три и пол децении од независноста на државата.

„Силно светнал ден“ е дел од музички караван кој во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста, годинава ќе помине низ 11 градови во Македонија. Во програмата учествуваат познати македонски музички изведувачи и актери.

Пред велеани, вечерва, ќе настапат Дарио, Вера Љубојна, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Бојан Стојков, Миле Кузмановски, Адријана Јаневска, Ана и Игор Дурловски, Дарко Гроздановски, Димитар Атанасовски, Тони Зен, Игор Џамбазов и Драгана Левснка.

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.