Пеколна жештина и неделава со можен пороен дожд и грмежи од четврток попладне

Објавено: 10 август, 2026, во 08:43 часот

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40 степени Целзиусови. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. В четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.