Кавадарчанец физички ја нападнал својата сопруга
Објавено на 6 септември, 2022 во 12:40
Педесет и седум годишниот А.Р од Кавадарци по кратка расправија на 2 септември, физички ја нападнал неговата 48 годишна сопруга. Случајот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци бил пријавен вчера, 5 септември, по што полициски службеници го лишеле од слобода кавадарчанецот.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева