Кавадарчанец при размена на возило земал да ја проба едната кола, па не се вратил на договореното место
Објавено на 14 декември, 2023 во 13:46
Триесет и шест годишниот З.Р од Струмица, вчера, во 19:30 часот во Полициска станица Кавадарци пријавил дека на бензиска пумпа во Кавадарци се сретнал со две години помладиот кавадарчанец К.М со цел да ги разгледаат нивните возила и доколку се договорат да ги разменат.
-Според пријавеното, К.М. го земал возилото на З.Р. да го проба, а своето го оставил и не се вратил. К.М. е повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк