Возило удрило малолетно девојче во Велес и возачот избегал, детето е надвор од животна опасност

Објавено: 16 мај, 2026, во 12:40 часот

Сообраќајната незгода во Сектор за внатрешни работи Велес (СВР Велес) била пријавена вчера попладне, околу 16:00 часот, од страна на здравствени работници на Општа болница Велес. Тогаш малолетното девојче било донесено во болницата за укажување лекарска помош.

„ Во Општа болница Велес била донесена 10-годишна малолетничка од Радовиш. Според пријавеното, на улица „Јордан Џурнов“ во Велес патничко возило управувано од НН лице, удрило во малолетничката, која во несреќата се здобила со телесни повреди, констатирани од лекар во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од СВР Велес.

Според портпаролката на велешка болница д-р Ана Марија Џунџева, девојчето е примено и извршени биле потребни прегледи, снимања на нејзината нога преку која поминало тркало на возило, и по направена мобилизација детето било пуштено на домашно лекување.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.