Кавадарчанец со остар предмет ја повредил својата сопруга а потоа се повредил и себеси

Објавено на 19 август, 2022 во 12:29

Четириесет и седум годишниот В.Д од Кавадарци во семејниот дом со остар предмет ја нападнал својата сопруга нанесувајќи и повреда по што и самиот се повредил. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека двете лица биле пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош.

Немилиот настан се случил вчера, 18 август, околу 16:35 часот.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител од Кавадарци заедно со увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.