Реновирана спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур

Објавено на 31 октомври, 2012 во 20:54

Деновиве по иницијатива на Локален Музеј-галерија Кавадарци, а со финансиска подршка на Локалната самоуправа, заврши нејзината реставрација и реновирање.

Сите овие работи се изведуваа во согланост и координација на Националниот конзерваторски центар од Скопје, од кого е добиена и соодветна  дозвола за работа.

Според проектот што го изготви инг. архитект Гордана Белевска Мустафа од локалната самоуправа се изврши промена на целата покривната конструкција на куќата со помошните простории и замена на старите со нови ќерамиди.  Поставување на вертикална  хидроизолација покрај темелите на куќата со цел да се спречи присуството на влагата.

Со овој зафат се овозможи зачувување на автентичниот изглед на куќата на народниот херој Страшо Пинџур која  е еден од најпосетените историски споменици во општина Кавадарци. Сега истиот  реновиран и зачуван од забот на времето  ќе биде целосно достапен за посетителите кои ќе имаат можност да се запознаат со делото на еден од најистакнатите македонски револуционери од времето на НОБ и Втората Светска војна.

Во понатамошниот период ќе следи и замена на електричното осветлување со нови и современи светилки, како и дополнување на постоечката историска поставка со нови содржини.

Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур е споменик на културата заштитена со закон. За прв пат таа е адаптирана во спомен музеј во 1958 година, а по осумнаесет  години беше целосно реновирана и на повод празникот 7 Септември  свечено пуштена како меморијален спомен музеј.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.