Грејната сезона почна! Ги исчистивте ли оџаците?
Годинава, во општините Кавадарци и Росоман, се случиле вкупно 140 пожари.
Територијалната противпожарна единица соопшти дека најмногу пожари избувнале на отворен простор и тоа во летниот период. Бројот на пожари лани и годинава бил идинтичен.
“ Човекот и невниманието е пресудно за пожарите. Граѓаните да покажат поголема свест токму сега кога започна грејната сезона. Оџаците се потенцијални извори на пожар. Затоа треба навреме да се исчистат или ако тоа сепак не сте го сториле досега тогаш за да избегнете катастрофа веднаш повикајте оџачар. Потоа во домот запалете ја печката на дрва, “ рече командирот на кавадаречката противпожарна единица, Илчо Богевски.
Апелот треба сериозно да ја поттикне свеста кај секого затоа што во зимскиот период најчесто причина за пожари се оџаците и дотрајаните електрични инсталации. Богоевски рече дека граѓаните мораат особено да внимаваат и на грејните тела во домовите и деловните простории. „ Исклучувајте ги кога излегувате од дома и никогаш не ги поставувајте во близина на запалливи материјали“, рече Богоевски.
