Пристигнува опремата на Дрекслмаер!

Објавено на 9 ноември, 2012 во 13:27

На царинскиот терминал во Кавадарци започна да пристигнува опремата за германската фабрика на “Дрекслмајер “која се гради во овој град.

Веста ја потврди претседателот на кавадаречкиот совет Илија Тренчев кој нагласи дека градот има големи очекувања од оваа германска инвестиција која треба да вработи 4000 работници од Кавадарци, Неготино и останатите околни градови.

“Денеска на царинскиот терминал пристигна уште еден дел од опремата која ќе се инсталира во новата фабрика. Опремата ќе се царини на терминалот во Кавадарци. Ова е целосна и јасна потврда на нашата заложба за што побрзо започнување со работа на  фабриката.  Очекувањата од оваа компанија се големи. Сериозноста на оваа компанија претставива потврда за големите заслуги за локалната самоуправа што ги направи во правец за подобрувањее на условите за побрза изградба,  поголемо  вработување и извозни резултати.“ рече Тренчев.

Според неговите информации до крајот на годината бројот на вработени ќе достигне 300 лица, а веќе интензивно се вршат преквалификации на граѓаните кои се заинтересирани да добијат работно место во оваа фабрика.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.