Сеуште бараат правда поранешните работници на кавадаречки „Рудкоп“!

Објавено на 22 ноември, 2012 во 13:37

Работниците на “Рудкоп“ АД во стечај си ги бараат акциите кои незаконски им биле одземени.

Ќе му испратат иницијатива со стотина потписи на  Јавното обвинителство во која ќе бараат да ја испита стечајна постапка која се водела во нивната фирма.Таа била незаконска, сметаат поранешните работници на „Рудкоп“.

 

“Врзани се судијката, стечајниот управник, претседеателот на одборот на доверители, се е врзано. Покрај што ќе бараме од јавното обвинителство да го испита случајот, бараме да се исплати  50% од долгот што го има фирмата кон работниците, “ рече Митко Милков поранешен работник во „Рудкоп“. Него работниците, на состанокот во четвртокот, едногласно го подджаа да продлжи да ги застапува нивните интереси.

Иако биле поканети стечајниот управник и стечајната судијка тие не се појавија на состанокот. Тие закажале нов што треба да се одржи во вторник на27 ноември. Работниците сметаат дека тој состанок неможе да биде  легитимен бидејќи работниците се собраа денеска. Но сепак нивни преставници ќе се појават и на закажаниот во вторник и како што рекоа за да ја спречеле незаконската стечајна постапка.

Милков добил закана од стечајната судијка дека ќе му биде поднесена кривична пријава. Тој рече дека не се плашел од заката и ќе продолжел како обичен работник да ја бара правдата за себе и своите поранешни колеги.

Работниците обвинија дека луѓе блиски до стечајниот управник оделе од врата на врата за да ги спречеле работниците да присуствуваат на денешниот состанок со изговор дека состанокот ќе се одржел наредниот вторник.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.