Казни ако не се внимава на јавната чистота!
Граѓаните ќе се соочуваат со казни доколку не го почитуваат Законот за јавна чистота.
Од денска комуналниот инспектор на општина Кавадарци започна контрола низ градот и населените места. Казни ќе има доколку при варењто на ракија лозарите комињето ги истураат на јавни површини или пак на сообраќајниците испуштаат отпадна вода од варењето на ракија.
Исто така инспекторот ќе биде принуден да пишува казни и доколку граѓаните оставаат запрежни коли, трактори, хаварисани возила, приколки, земјоделски машини и алати на простор каде не е дозволени паркирање, а тоа најчесто се случува на тротоарите.
Комуналниот инспектор информира дека сите тие предмети ќе бидат отстранети од службите на општината, а сметката за направените трошоци, покрај казната, ќе треба да ја платат граѓание кои го прекршиле законот.
