Општината го менува сообраќајниот режимот во Кавадарци!
Граѓаните од недела, 9 декември, ќе возат по ново.
Кавадаречката полиција дала согласност за неколку улици во градот. Наместо во еден во два правци ќе се вози по улиците „Максим Горки“, „Мирче Ацев “ и „Браќа Хаџи-Тефови“ од спојот со улицата „Миле Вчков“ до спојот со улицата „Браќа Џунови“.
Поради малата широчина и гужвите во сообраќајот на улицата „1 Мај“ ќе се вози само во еден правец и тоа од раскрсницата на ул „7 Септември“ се до спојот со ул„Браќа Хаџи-Тефови“. Едносаночна ќе биде и улицата „Јадранска“ од раскрсницата со „Мито Хаџи-Василев“ кон спојот со ул „Пано Мударов“.
Истовремено се врши промена на категоризацијата на одредени улици во центарот на градот. Според новото сообраќајно решение наместо досегашното првенство на минување на улиците „Цано Поп-Ристов“ и „Мито Хаџи-Василев“ сега тоа право и се дава на улицата „Илинденска“.
Иста промена се воведува и за улиците „Пано Мударов“ и „ 29 Ноември“ кои од сега се споредни во однос на улицата „Гоце Делчев“ која доби право на предимство при минување.
Новиот режим на одвивање на патниот сообраќај по градските улици ќе стапи на сила од недела 9 декември 2012 година.