Десетина сантимери снег во Повардарски регион. Патиштата проодни!
Снегот кој непрекинато паѓа во Повардарскиот регион од претпладневните часови веќе формира и снежна покривка.
Во Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Свети Николе висината на снежната покривка изнесува помеѓу 3 и 5 см, а на повисоките места до 10см. Засега сите патишта се прооднии и снег сеуште паѓа.
Општинските служби за односи со јавност информираат дека засега проблеми од снежната покривка нема. Регионалните патни правци засега се проодни како и улиците во градовите. Сепак службите за зимско одржување се на готовс. Тие најавија дека веќе во понеделник ќе ги превземат неопходните чистења според претходно утврдени приоритети.
“ Доколку во утриските часови температурите бидат негативни ќе интервенираме со сол и ризла“, рече соораќајниот инспектор на општина Кавадарци, Драган Рамов. Тој упати апел до сите граѓани во Кавадарци да не ги паркираат возилата на градските сообраќајници каде бидејќи ќе и пречат на механизацијата со која службата ги одржува локалните улици .