Десетина сантимери снег во Повардарски регион. Патиштата проодни!

Објавено на 9 декември, 2012 во 15:43

Снегот кој непрекинато паѓа во Повардарскиот регион од претпладневните часови веќе формира и снежна покривка.

Во Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Свети Николе висината на снежната покривка изнесува помеѓу 3 и 5 см, а на повисоките места до 10см. Засега сите патишта се прооднии и снег сеуште паѓа.

Општинските служби за односи со јавност информираат дека засега проблеми од снежната покривка нема. Регионалните патни правци засега се проодни како и улиците во градовите. Сепак службите за зимско одржување се на готовс. Тие најавија дека веќе во понеделник ќе ги превземат неопходните чистења според претходно утврдени приоритети.

“ Доколку во утриските часови температурите бидат негативни ќе интервенираме  со сол и ризла“, рече соораќајниот инспектор на општина Кавадарци, Драган Рамов. Тој упати апел до сите граѓани во Кавадарци да не ги паркираат возилата на градските сообраќајници каде бидејќи ќе и пречат на механизацијата со која службата ги одржува локалните улици .

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.