Угостителите ќе се едуцираат за повисоки стандарди!

Објавено на 12 декември, 2012 во 16:46

Угостителите од тиквешкиот регион во петок ќе дебатираат и ќе се едуцираат како да се подигнат стандардите во угостителството и да се понудат квалитетни услуги.

Трибината ја организира здружението на гастрономи на Македонија “Гастро арт“ од каде велат дека Тиквешијата е атрактивен регион и овде има иднина угостителството, особено преку поголема промоција и развој на винскиот туризам.

 

“Македонија сеуште заостанува во поглед на угостителството. Потребно е уште да работиме на подигнување на стандардите и да ги применувамес ветските искуства“ рече секретарот на “Гастро арт„ Горан Димчевски и додаде дека за трибината угостителите од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско покажале голем интерес.

Искуства на тиквешките угостители ќе им пренесат, шефот на кујната во хотел “Александар Палас“, амбасадорот на Словачка, Роберт Кирнаг и државниот советник за туризам, Шефкет Хазири.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.