Угостителите мора да применуваат повисоки стандарди!

Објавено на 15 декември, 2012 во 10:47

Веднаш, македонските угостители мора да го подигнат квалитетот на услугите бидејќи земјава се стреми за влез во Европа, каде се пропишани високи стандарди.

Ваков заклучок имаше трибната на која се собраа угостителите  од Тиквешијата откако ги слушнаа светските правила и прописи.  Трибина од ваков карактер за прв пат се  организира во Македонија во организација на  здружението на угостители на Македонија “Гастро арт“.

 

“Јас веќе 40 години сум угостител во семеен бизнис. Сум поборник за внесување на повисоки стандарди и ќе кажам дека на нив особено внимавам. Мора да се знае кој е угостителски објект, а кој не.  Гостите кога ќе дојдат мора да бидат примени како што доликува. Да го послужиме со познати специјалитети, домашно вино или ракија кои се препознатливи за овој крај. Такви специјалитети,  од нашето поднебје бараат гостите. И мора да се организираме, да настапиме како една екипа. Посакувам соработка со моите колеги,“ рече Бранко Велјанов, угостител од Неготино.

“Секогаш можат да се применат поголеми стандарди во било која област, во било кој бизнис, па така и во угостителството. Едноставно  мораме,  бидејќи претендираме да бидеме европската држава,  а тоа секако  вклучува повисоки  стандарди секаде па и во угостителството. Тиквешкиот регион претендира да развие вински туризам. Стандардите во угостителството мора да се подигнат за сите туристи, особено за странските,“ рече  секретарот на “Гастро арт„ Горан Димчевски.  Тој искажа задоволство од големиот одзив на  угостителите од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско.

Искуства на тиквешките угостители  им пренесоа  амбасадорот на Словачка, Роберт Кирнаг,  државниот советник за туризам, Шефкет Хазири,  професори од Факултетот за туризам, шефот на кујната во хотел “Александар Палас“ и професионални готвачи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.