Ќе се зголеми политичката нестабилност во земјава ако со локалните не се организираат и парламентарни избори!

Објавено на 20 јануари, 2013 во 13:15

Став на кандидатот за градоначалник на Здружената опозиција во Кавадарци.

Здружена опозиција нема да ги бојкотира локалните избори но има услови кои очекува власта да ги исполни , рече Бетијан Китев во вестите на локалната КТВ.

“Се разбира препораките на ОБСЕ /ОДИХР и прочистувањето за избирачкиот список се дел од барањата. Ќе повторам решение за состојбата е ургентен и интензивен политички дијалог, сп кој ќе се излезе од кризата предизвикана со настаните лани, на 24 декември, внатре и надвор, од Собранието на РМ. Терминот бојкот не преовладува никаде во политичката конверзација на опозицијата. На седницата на централниот одбор на СДСМ се водеше сериозна дебата. СДСМ е одговорна политичка партија. Одлуката што се донесе е важна. Се ставија на маса сите аргументи ЗА и ПРОТИВ, се одмери рационално и се пристапи кон гласање. Заклучоците се донесоа едногласно, без ниту еден глас против, без ниту еден глас воздржан. Бев присутен и јас на седницата како промовиран кандидат за Кавадарци од здружената опозиција и видов дека новонастанатата ситуација ја мобилизира и хомогенизира дополнително и СДСМ и Сојузот за иднината. Мислам дека тоа е очигледно и од се по масовните протести низ улиците ширум градовите во цела Македонија,“ рече Китев.

Како потврда дека Здружената опозиција сериозно се подготвувала, за 24 март, кандидатот за градоначалник на Кавадарци  ги спомна контактите  со граѓаните во општината.

“Неофицијалната кампања веќе е во полн ек, се чувствува силната желба за промени меѓу народот и сигурен сум дека овој пат победуваме. Дојде време Кавадарци да тргне во насока на обединување на силите кои ќе му донесат прогрес и подобра иднина“ рече Китев.

Тој додаде дека во вакви околности одржувањето само на локални избори би ги продлабочило проблемите и би ја зголемило политичката нестабилност во државата.

“Со одржување на локални, без парламентарни, избори власта би искористила да создаде привид  дека се е нормално, односно алиби дека во државата не постои проблем со кршење на Уставот и законите, а од друга страна со учество само на локални избори СДСМ би станала соучесник во етаблирањето на партијско-полициската држава и легитимирањето на оваа тоталитарна власт. Затоа бараме и локални и предвремени парламентарни избори организирани во фер и демократски амбиент,“ рече Китев за вестите на КТВ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.