Коледарчиња испеаја песни и внесоа радост во домовите на Велешани (видео и фото)
Иако малку подоцна од вообичаеното утринско сепак коледарењето на најмладите сограѓани се случи во домовите на Велешани. Дечињата влегоа во дворовите, нивната песна одекна во домовите а со неа и радоста на домаќините. И секој различна песна но секоја од нив завршува со зборот „Коледе“.
„Коледе леде,паднало греде
утепало деде,деде се мачи
баба го квачи со четири јајца
гускини, шаткини ооо Коледе…
Денес е Коледе,утре е Божиќ
ќе колеме теле, теле вика леле
не колете мене, ќе ви купам зеље
да месите пита, да јадете сите.
Коледееееееееее…“
По испеаната песна велешките домаќинки ги даруваат Коледарчињата со коледарски солени колачиња, ореви, бадеми, свежо и сушено овошје, костени и паричка. Коледарчињата внесуваат среќа во домовите на граѓаните. Тие се предвесници на вечерта во која се слави Бадник, денот пред Христовото раѓање, Божик.
Колку поголем број на Коледарчиња толку поголема светлина, среќа и берикет во домовите, велеа и сеуште велат постарите велешани.
Тие ќе пејат се додека не ги наполнат коледарските торбички со дарови или додека не се приквечери кога заедно со своите најблиски ќе седнат покрај трпезата со посни јадења за да започне славењето на Бадник.
Убавка Јаневска