Снежна идила во Кавадарци !
Кавадарци и околината се покриени со снежна покривка од околу 10 см.
Снегот кој паѓаше во текот на целата ноќ и во утринските часови потсети дека зимата сеуште е тука. Зимската служба интервенираше во утринските часови. Главните сообраќајници се проодни.
Според информациите што ги добивме од општината, зимската служба интервенирала прво во градот низ сите улици.
“Фрлени се 10 метри кубни ризла и сол. Во градот е интервенирано со две возила. Од 6 часот утринава е исчистен патот за селата Раец, Дрново-Шивец и локалниот пат Кавадарци – Ресава-Бегниште. Исто така исчистен е и патот Кавадарци-Марена-Сопот како и пристапот до депонијата Мелци и градските гробишта. До Витачево можат да сообраќаат само теренски возила. Општинската зимска служба тргна и од Рожден и успеа да го исчисти патот до селото Мрежичко. Во моментов се интервенира на патот Страгово-Ладно долче-Крњево. Зимската служба е во приправност. Ако ноќеска температуратападне под нулата ке се интервенира само со сол“ рекоа од зимската служба.
Најрадосни за снегот се децата кои денеска се на улица и уживаат во зимските игри.